HTC One M8 Ace ќе биде кец во ракавот

Објавено на 29.05.2014 во Новости



HTC One M8 Ace ќе биде кец во ракавот

Шпекулациите за Prime верзија на HTC One M8 во последниот период мируваат и немаме добиено некоја нова информација која ќе го потврди неговиот пласман, но затоа пак се почесто на површина излегува евтината HTC One M8 Ace верзија која ќе понуди речиси идентичен хардвер но, со поевтин материјал на изработка од пластика што би требало да ја спушти цената на овој одличен уред за околу 150 до 200 долари.
 
 
Како можен датум на промоција на HTC One M8 Ace најверојатно ќе биде одбран 3 јуни, период кога ќе има еден тон активности на многу познати компании. HTC One M8 Ace ќе има 5 инчен Full HD дисплеј, четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 801 процесор, 2 GB RAM, 13 мегапикселна камера и 16 GB меморија.
 
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: