Опасен вирус на Facebook - Не кликајте на се и сешто

Објавено на 29.05.2014 во Новости



Опасен вирус на Facebook -  Не кликајте на се и сешто

Нов вирус се шири на социјалната мрежа Facebook и илјадници компјутери ширум Европа се веќе заразени. Вирусот доаѓа преку порака од ваш пријател кој бара совет или дозвола да постира одредена содржина, но тука никако не смеете ништо да кликате и отварате бидејќи ќе закачите опасен тројански вирус кој ќе добие пристап до вашиот пристап.
 
 
Тројанецот Downloader-167 освен на Facebook се шири и на Yahoo Messenger и речиси не може да се детектира од антивирусните програми. Откако ќе го зарази компјутерот продолжува со ширење на измамата користејќи го вашиот Facebook профил, затоа внимавајте на што кликате без оглед дали доаѓа како порака или статус од вашите пријатели.