Претставен големиот Oppo N1 mini

Објавено на 30.05.2014 во Новости



Претставен големиот Oppo N1 mini

Oppo како што вети денес ја промовираше мини верзијата на ланскиот најиновативен смартфон Oppo N1 кој ги свои симпатиите со примената на ротирачката 13 мегапикселна камера и употребата на кустомизираниот оперативен систем CyanogenMod како главна софтверска опција.
 
 
Oppo N1 mini е невообичаено голем смартфон во оваа категорија со HD 720p екран од 5 инчи што е сосема очекувано бидејќи неговиот поголем брат има огромен 6 инчен дисплеј. И во оваа мини верзија е употребена ротирачката 13 мегапикселна камера која ќе може да ја користите во било која позиција.
 
 
Oppo N1 mini работи на осум-јадрен MediaTek процесор со 1 GB RAM, батерија со капацитет од 2140mAh, 4G LTE мобилна конекција и кориснички интерфејс Colors OS. Смартфонот ќе биде пуштен во продажба на 10 јуни, цената се уште не е официјално потврдена, па според досегашната практика очекуваме таа да изнесува околу 250 долари.