Хрватите ќе купуваат од автомати со смартфон

Објавено на 30.05.2014 во Новости



Хрватите ќе купуваат од автомати со смартфон

Хрватскиот мобилен оператор Випнет воведе нова услуга за своите корисници кои ќе може да ја употребат NFC (Near Field Communications) технологијата на нивниот смартфон за купување на кафе, грицки и сокови од автоматите за храна и пијалоци.
 
 
NFC читачите се поставени во голем број на автомати за самопослужување и истите ја користат најдостапната мобилна интернет мрежа за поврзување. За сигурност на трансакцијата е искористена AES 256-енкрипција, а системот е базиран на Linux.
 
 
Ова е втора NFC услуга на Випнет, откако во 2013 година јавниот превоз доби посебни читачи за смартфон со што патниците на многу поедноставен начин плаќаа билет.