Watch Dogs - Играта за која сите зборуваат

Објавено на 02.06.2014 во Игри



Watch Dogs - Играта за која сите зборуваат

По долг период на најави и скокоткање на јавноста конечно е лансирана долго очекуваната игра Watch Dogs која се стреми да го освои првото место според продажба. Во Watch Dogs имате улога на хакер кој може да пристапи во секој електронски уред во не така далечна иднина во Чикаго.
 
 
Слично како GTA 5 играта се базира на концептот на отворен свет што значи дека покрај главните мисии и задачи може да откривате еден тон дополнителни загатки и локации. Во Watch Dogs, Чикаго е целосно управуван од ctOS оперативниот систем, што ви дава можност преку главниот лик Ајден Пирс да хакирате речиси се, од светлата на семафорите, па се до главната градска инфраструктура.
 
 
Но, освен одличниот концепт и уникатниот гејмплеј кој дава комбинација на криминалот од GTA и можноста за хакирање, првичните коментари велат дека главната приказна не е премногу импресивна, што не значи дека играта не е забавна и нема да ви го одзеде вниманието.