Google KITT ќе биде нов гласовен автомобилски систем

Објавено на 02.06.2014 во Android



Google KITT ќе биде нов гласовен автомобилски систем

Google најверојатно ќе презентира нова софтверска алатка која ќе ја подобри безбедноста на возачите при користење на нивниот Android смартфон или таблет во автомобилот. Станува збор за новиот сервис популарно наречен Google KITT кој ќе донесе систем целосно управуван од гласовни команди.
 
 
При возењето ќе биде потребно да гo активирате гласовниот асистент Google Now и потоа со гласовни комадни може да пребарувате на интернет преку Google Search, да одговарате на пораки исто така со диктирање, а сите известувања нема да ви го одземаат вниманието бидејќи ќе ви бидат прочитани на глас. 
 
 
Google KITT системот за автомобил најверојатно ќе биде промовиран на конференцијата Google i/o каде освен овој новитет се очекува најава на многу повеќе промени во основните сервиси и апликации на Google, што остава простор за сомнеж дека можеби ќе видиме и целосно нова верзија на оперативниот систем Android 4.5.