Официјално iOs 8 - Еве што е ново

Објавено на 02.06.2014 во iOs



Официјално iOs 8 - Еве што е ново

Apple денес ја одржа традиционалната конференција на партнери и девелопери WWDC 2014 на која како што претпоставувавме фокусот ќе биде ставен на софтверот, а не на хардверот, што значи дека iPhone 6 ќе почека за кратко, па затоа да видиме што е ново во надградената верзија на оперативниот систем iOs 8.
 
 
Известувањата се најважниот дел при користење на смартфон или таблет, па токму затоа iOs 8 фаќа чекор со конкуретниот Android и на корисникот ќе му нуди слична услуга при што со брза активација, од врвот кон дното на екранот може да видите што има ново, дали е тоа пропуштен повик или порака, или пак некој нов коментар на Facebook, сега ќе може директно да превземете акција и веднаш да одговорите.
 
 
Мултитаскингот секако е еден од најважните елементи, па затоа во iOs 8 се воведни нови корисни алатки, како приказ на посебно мени со најчесто користени контакти при што ќе може да прегледувате пораки и да иницирате повик преку FaceTime.
 
 
Еден од посебните новитети е софтверската алатка iCloud Drive преку која на едно место iOs 8 корисниците ќе може да ги синхронизираат сите документи без оглед на која платформа ги креирале, како на пример документи од Windows, Mac или iOs уреди и до нив да имаат пристап во било кое време преку една корисничка iCloud сметка. 
 
 
Ова се само дел од екстра новитетите во софтверската платформа која работи со уредите iPhone, iPad и iPod, што значи дека во текот на останатите четири дена на WWDC 2014 очекуваме уште многу квалитетни промени, како и повеќе детали во поглед на компатибилноста со постарите Apple уреди и дали дел од новите сервиси ќе се наплаќаат или ќе бидат бесплатни.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
 
Автор: Aleksandar Stankov