Sony ќе ослободи нов Годзила смартфон
Објавено на 03.06.2014 во Новости
Филмскиот хит за јапонското чудовиште Годзила нема да биде единствено ова сезона кое ќе направи партали ширум светот, бидејќи Sony Mobile потврди дека наскоро ќе видиме наследник на ланскиот рекордер Sony Xperia Z Ultra.
Како што може да очекуваме Sony Xperia Z Ultra 2 ќе биде најголемиот смартфон на светот со воодотпорен дизајн со големина на екранот од 6.4 инчи што речиси го приближува до категоријата на таблети. Sony Xperia Z Ultra 2 е најавен како следното навистина големо нешто во мобилната сфера за 2014 година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.