Корисниците на Apple мераклии на порно

Објавено на 05.06.2014 во Новости



Корисниците на Apple мераклии на порно

Видео сајтот PornHub излезе со интересна статистика според која од вкупно 38 милиони посетители дневно најголемиот дел се корисници на производите на Apple гледано според интернет прелистувачот Safari преку кој пристапувале до порно содржините.
 
 
Најголеми љубители на порно клипчиња се сопствениците на iPad со остварени дури 78 проценти од посетите преку таблет, а дел од нив поточно 13.6 проценти го посетиле сајтот преку Google Chrome прелистувачот кој исто така е достапен за iPad.
 
Некој би рекол дека малиот четири инчен дисплеј на смартфонот iPhone не го пружа потребното задоволство за гледање на видеа, но изненадувачки дури 38.2% од прелистувачот Safari дошле токму преку смартфонот, додека прелистувачот на Android е на второ место со 29.4 проценти од посети остварени преку мобилен.
 




Прочитајте повеќе: