WhatsApp му порача на Apple да не краде

Објавено на 05.06.2014 во Новости



WhatsApp му порача на Apple да не краде

Јан Коум основачот на WhatsApp, апликацијата за бесплатни пораки, беше видно револтиран за време на конференцијата WWDC на која Apple презентираше нова верзија на iMessage сервисот за допишување со коментар дека се работи за „позајмување“ на многу опции кои веќе ги има WhatsApp.
 
 
Apple со сета сила се обидува да ја заштити својата интелектуална и индустриска сопственост во случајот против Samsung, но очигледно тоа не им пречи да воведат еден куп „позајмени“ елемeнти во новиот iOs 8 меѓу кои и споделување на вашата локација, креирање на групна листа, како и испраќање на аудио пораки
 
 
WhatsApp е една од првите компании која неофицијално реагираше на новитетите во iOs 8, а свој коментар или обвинување за плагијат треба допрва да даде Google за заштита на мобилната платформа Android, како и Snapchat и Facebook, па нема да бидеме изненадени ако започне нова серија на обвинувања.