Ќе се манијачиме и на Linkedin

Објавено на 05.06.2014 во Новости



Ќе се манијачиме и на Linkedin

Професионалната социјална мрежа Linkedin доби нов освежен дизајн кој многу потсетува на Facebook, односно големо внимание се посветува на личните карактеристики на корисникот, но тоа оди во негов бенефит кој добива среден профил, видлив за останатите, бидејќи во едно од најновите истражувања е докажана деја многу поголеми шанси за вработување имаат оние кандати со поставена слика на Linkedin и уреден профил.
 
 
Дел од новитети на Linkedin се наплаќаат во еден од премиум пакетите, каде корисниците добиваат повеќе бенефити, како што се целосна отвореност и видливост за останатите, избор на дизајн на профилот обезбеден од самиот сервис, како и поголеми шанси за нивниот профил да излезе во резултатите на пребарување.
 
 
Тие што ја користат бесплатната верзија на Linkedin новите промени во дизајнот, каде на предната страна е поставена профил слика, а во позадина стојат главните навигации, ќе ги добијат во текот на наредните неколку месеци.