iOs 8 ќе донесе групни телефонски разговори

Објавено на 09.06.2014 во iOs



iOs 8 ќе донесе групни телефонски разговори

Откако Apple пред една недела го претстави новиот iOs 8 постојано на површина излегуваат новитети во софтверот кои не беа покриени со првичната презентација. iOs 8 во овој период е достапен само за програмерите кои ни откриваат една многу интересна опција за групни телефонски разговори.
 
 
Со iOs 8 корисниците ќе може да воспостават аудио повик преку апликацијата FaceTime која автоматски доаѓа со секој iPhone и потоа ќе може да додаваат нови лица во разговорот од листата на контакти. Опцијата ќе опфаќа само аудио повици, додека конференциски видео повици се уште не се предвидени.