Call of Duty: Advanced Warfare - Акцијата се сели во иднината

Објавено на 10.06.2014 во Игри



Call of Duty: Advanced Warfare - Акцијата се сели во иднината

На првиот ден од Е3 Саемот на забавни индустрии Microsoft со XBox имаше одлична промоција во соработка со Activision кои стојат зад уште еден наслов од мега популарната акциона игра во прво лице Call of Duty: Advanced Warfare. На прв поглед новата игра ќе понуди врвна графика и малку изменет гејмплеј во однос на тоа што досега сме го виделе од Call of Duty.
 
 
Oбјавено e и првото демо видео со гејмплејот на Call of Duty: Advanced Warfare каде се прикажани речиси 10 минути од отварањето на играта со што можеме да видиме многу од динамиката и интезитетот на борбите кои сега се сместени во футуристички свет.

Пукањето, соработката со единицата и спротиставувањето на непријателите не е ништо поинакво од претходните наслови и дoсега речиси на сите им е здосадено бидејќи нема никаков предизвик и често акцијата се губи со лошото и линеарно позиционирање. Сепак, има неколку промени како користење на бустери кои ви овозможуваат да лебдите одреден период и да прескокнувате високи пречки. Затоа, најголем успех играта ќе има во мултиплеер каде голем број на гејмери ќе се натpреваруваат на нови иновативни начини. 
 
 
Во однос на новитетите во приказната Call of Duty: Advanced Warfare како што споменавме се одвива во иднината и гледаме користење на футуристички оружја, употреба на големи роботи, стелт технологија, беспилотни летала и многу напредни гаџети кои ќе бидат откриени во подоцнежните нивоа. Call of Duty: Advanced Warfare ќе биде пуштена на 4 ноември за PC, PlayStation 3, PlayStation 4, Xbox 360 и Xbox One.