Facebook клонот на Snapchat се самоуништи

Објавено на 10.06.2014 во Новости



Facebook клонот на Snapchat се самоуништи

Facebook успеа да се посрамоти пред јавноста откако најпрво случајно беше откриена нивната нова апликација Slingshot која преку App Store беше достапна во повеќе земји за превземање, но набрзо апликацијата исчезна, со официјално објаснување дека се уште не е подготвена за користење.

Тие што успеле да ја инсталираат велат дека функционира слично како Snapchat, но најпрво треба да испратите барање до контактот кој потоа ја прифаќа пораката и може да стисне React за враќање на одговор. Дизајнот на Slingshot е веќе завршен, но потребни се уште неколку полирање на сите функции, пред да биде пуштена во употреба.

Facebook да потсетиме понуди 3 милијарди долари за откупување на сервисот за допишување чии пораки се самоуништуваат но, Snapchat самоуверено ги одби парите верувајќи во капацитетот на компанијата за огромен раст во наредните години, а тоа го потврдува и постојаното зголемување на базата на корисници.