Oppo R3 е најтенкиот LTE смартфон во светот

Објавено на 12.06.2014 во Новости



Oppo R3 е најтенкиот LTE смартфон во светот

Кинескиот бренд го претстави новиот Oppo R3 со кого може да се пофали дека го има најтенкиот 4G LTE смартфон во светот чија дебелина на телото изнесува само 6.3 милиметри. 
 
 
Oppo R3 има 5 инчен 720p IPS дисплеј, работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 400 процесор со френкфенција од 1.6 GHz, 1 GB RAM, 8 GB вградена меморија, 8 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 2420 mAh. Смартфонот ќе се продава по цена од 350 долари.