Прво демо видео од мултитаскингот во iOs 8

Објавено на 13.06.2014 во iOs



Прво демо видео од мултитаскингот во iOs 8

Новата верзија на оперативниот систем на Apple iOs 8 сега е во рацете на програмерите кои имаат задача да проверат дали сите новитети работат без грешка, како и да најдат начини за подобра примена на сите достапни алатки. Една од главните иновации на iOs 8 ќе биде фокусирана во мултитаскингот, односно при работа со повеќе апликации истовремено, па еве како тоа ќе изгледа.
 
 
Во iOs 8 ќе може да го поделите екранот со две активни апликации, опција која веќе ја имаме видено кај повеќе фаблети, пред се кај Samsung Galaxy Note, што одговара на прогнозите за iPhone со поголем дисплеј, а исто така поделениот дисплеј ќе може да се прилагодува со просторот што го зафаќа, односно левата или десната страна да биде помала или поголема, но при тоа да ја задржи високата резолуција и видливост.
 
 
Како ќе изгледа сето тоа накратко покажува Стив Тругтон Смит еден од програмерите на iOs 8 платформата во ова демо видео со тоа што split-screen опцијата е употребена кај таблетот iPad. Надградбата со iOs 8 ќе се реализира во текот на септември кога сите новитети ќе бидат целосно функционални.