Отворање на интернет трговијата - PayPal во Македонија

Објавено на 17.06.2014 во Новости



Отворање на интернет трговијата - PayPal во Македонија

 
PayPal официјално соопшти дека граѓаните на Македонија, заедно со уште девет земји во светот ќе може да креираат кориснички сметки по долго време на чекање.  Според PayPal трхнологишките бариери во последните години се намалени и жителите на овие региони ќе може слободно да го користат системот за онлајн трговија. На листата се најдоа и Црна Гора, Молдавија, Монако, Зимбавбе, Брегот на слоновата коска, Камерун, Белорусија, Парагвај и Нигерија.
 
 
PayPal проценува дека купувачите но, и онлајн трговците ќе ги надминат сите стереотипи поврзани со начинот на плаќање и испора, користејќи сигурен систем каде постои заштита доколку не го добијат тоа што го очекувале преку PayPal Buyer Protection. Исто така бенефит ќе имаат и онлајн бизнисите во овие 10 земји бидејќи ќе може своите производи и услуги да го понудат на светскиот глобален пазар.
 
 
За на крај PayPal одговара и на прашањето зошто беше потребно толку долго време за влез во Македонија и останатите пазари. Причината е во долгите подготовки и обезбедување на гаранции дека овие држави ќе може да се интегрираат во системот на PayPal.