Snapchat веднаш му возврати на Facebook

Објавено на 18.06.2014 во Новости



Snapchat веднаш му возврати на Facebook

Facebook подолго време се обидува да обезбеди поголемо присуство во мобилната сфера преку апликации за споделување на пораки и слики и денес официјално ја пушти новата Slingshot апликација, која пред две недели беше повлечена. Snapchat кој е влезен во оваа борба за превласт исто така денес промовираше нова опција за споделувања на слики, видеа и пораки наречена Our Story.
 
 
Our Story ќе функционира на големи друштеви настани како фестивали, концерти, спортски натпревари и секој корисник ќе може да ги споделува своите импресии со останатите посетители на една платформа, а за тоа Snapchat ќе ја лоцира вашата позиција и ќе се приклучите на сите останати.
 
 
Новата опција Our Story на Snapchat која автоматски е доставена до корисниците ќе биде промовирана за време на Electric Daisy фестивалот кој започнува во петок во Лас Вегас, кога ќе се покаже како ќе функционира и колку корисниците се расположени за споделување на впечатоците од заедничкиот настан.