Водич за новата Facebook Slingshot апликација

Објавено на 21.06.2014 во Туториали



Водич за новата Facebook Slingshot апликација

Facebook ја пушти во употреба новата Slingshot апликација за испраќање на пораки со слика или видео на кои може да додавате мал текст и опис и функционира слично како Snapchat сервисот, но со мали разлики, каде пораки, односно сликите може да ги гледате неограничено се дури не ги отстраните и од нив може да правите скриншот без тоа да го знае личноста која ви ги испраќа.
 
 
Slingshot функционира на тој начин што за да влезете во комуникација откако ќе ви пристигне порака треба и вие да испратите слика или видео за да може да ја откриете замаглената слика. Пораките со слики и видеа може да ги испраќате до сите контакти и пријатели на листата со што Facebook создава одличен простор за интеракција меѓу корисниците.
 
 
Откако ќе ја инсталирате Slingshot треба да се регистрирате креирајќи корисничка сметака и потребно е само потврда на телефонскиот број без други податоци, како и потврда на согласност за пристап на апликацијата до различни опции на телефот и достава на известувања.
 
 
Интерфејсот на камерата на Slingshot има три стандардни опции и тоа selfie за активација на предната камера и сликање на автопортрети, flash за активирање на блицот и shoot за снимање на видео.
 
 
Потоа следи процесот на додавање на текст или цртање на некоја интересна порака, по што може да ја испратите сликата до пријателите со притискање на Sling. Пристигнатите пораки се замаглени се додека не одговорите со React и Slingshot ве информира дали се пратени само до вас или е групна порака.
 
 
Исто така има опција смартфонот автоматски да ги сочувува сите видео или фото пораки што ги испраќате во вашата галерија. Slingshot може бесплатно да ја превземете од Play Store за Android и од App Store за iOs.
 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ