Google го засилува видео надзорот

Објавено на 22.06.2014 во Новости



Google го засилува видео надзорот

Google пред три месеци ја откупи компанијата Nest како една од најголемите инвестиции во последните години, а сега во нивно име е превземена уште една компанија која работи на смарт апарати за домот и тоа е Dropcam кои продаваат Wi-Fi камери за видео надзор.
 
 
Nest го има главниот збор во склучениот договор вреден 555 милиони долари, што според стандардите на Google и не е превисока сума, но треба да се земе во предвид дека Dropcam е се уште компанија во развој со огромен потенцијал. 
 
 
Нивните камери се продаваат по цена од 150 до 200 долари, лесно се монтираат, се поврзуваат со Wi-Fi мрежа, а доколку сакате снимките од надзорот да се архивираат Dropcam наплаќа дополнителни 30 долари месечно за користење на нивните сервери. 
 
 
На овој начин Google ја комплетира понудата за смарт уреди со термостатите и сензорите на Nest и видео надзор камерите на Dropcam кои ќе се интергрираат во мобилните платформи на Android за управување од далечина.