Наскоро нова iOS 7.1.2 надградба

Објавено на 22.06.2014 во iOs



Наскоро нова iOS 7.1.2 надградба

Apple во наредните две недели ќе ја пушти најновата  iOS 7.1.2 надградба на оперативниот систем која ќе донесе повеќе исправки на грешки во софтверот и надминување на проблемите со функционирање на iMessage апликацијата за испраќање на пораки на корисници кои се префрлиле на друга мобилна платформа, како и зголемена безбедност при енкрипција на прилозите во e-mail пораките.
 
 
iOS 7.1.2 ќе реши повеќе слаби точки во системот при користење на iBeacon апликацијата за поврзување со интернет сервиси во близина и откривање на различни содржини, потоа остранување на „дупките“ при пристап до апликациите од заклучениот екран и поправање на одредни проблеми со симнување на содржината во e-mail пораките.
 
Автор: Aleksandar Stankov