Претворете го LG G2 во LG G3 со едноставен трик

Објавено на 24.06.2014 во Туториали



Претворете го LG G2 во LG G3 со едноставен трик

LG Mobile со најновиот премиум смартфон LG G3 реши да воведе сосема нов кориснички интерфејс кој целосно ќе биде интегриран со оперативниот систем Android 4.4 KitKat и ќе прегледен и едноставен дизајн кој претходно беше многу критикуван. 
 
 
Софтверот кај LG G3 е еден од најдобрите со едноставни и корисни додатоци во менито, листата на апликации, почетните панели, центарот за известувања и управување, а има и некоклку екстра додатоци како Motion Launch, LG Smart Keyboard, режим за заштеда на батеријата и многу други.
 
 
Сепак, оваа надградба се уште не пристигнала кај ланскиот модел LG G2 и прашање е дали воопшто ќе биде изработен, но затоа има решение преку кустимизираниот Optimus LG G3 интерфејс за чие користење мора најпрво да направите Root. Процедурата не е премногу сложена и треба да го следите видеото во кое се објаснети сите чекори.
 
 
Потоа треба да направите флеш на рековери алатките како TWRP, Philz и CWM за Backup на основните податоци на смартфонот. Следен чекор е целосно ресетирање и бришење на интерната меморија. 

Следно е превземање на  Custom Optimus LG G3 интерфејсот и негово отчитување во LG G2, по што треба да направите флеш со избор на претходно одбраната recovery алатка( од чекор два ). На крај се препорачува и инсталирање на KK Baseband софтверска алатка и воала на вашиот LG G2 ќе го имате истиот софтвер како и кај LG G3, но предупредуваме оваа процедура да ја извршите внимателно.