Лаунчерот Yahoo Aviate полета од пистата на Android

Објавено на 24.06.2014 во Android



Лаунчерот Yahoo Aviate полета од пистата на Android

Aviate е еден од најквалитетните Android лаунчери кој подолго време беше држен во бета верзија и превземањето на апликацијата се одвиваше со претходно добиено одобрение, но сега конечно е лансирана целосно функционална верзија која може да ја инсталира секој.
 
 
Во меѓувреме интернет гигантот Yahoo го превземе овој мал стартап и вложи многу средства за понуда на заеднички услуги за корисниците на смартфон, како што e интеграција со календарот и новата Yahoo News Digest апликација за добивање на најинтересните вести два пати во денот.
 
 
Дизајнот на Yahoo Aviate веднаш ќе ви фати око, почнувајќи од анимацијата за отклучување на екранот, организацијата на најчесто користените апликации и сервиси, па се до автоматското распоредување во различни ситуации од денот и локацијата на која се наоѓате и посебниот ноќен режим. 
 
 
Yahoo Aviate на едно место ви ги покажува најчесто бараните контакти, а исто така ви дава предлози за користење на нови апликации, можност за креирање на различни икони, кратенки, потоа ви дава информации за сообраќајот, временска прогноза и уште многу други содржини поврзани со вашата моментална активност, без оглед дали сте на работа или пак се забавувате.