Клоновите на Flappy Bird ги празнат кредитните картички

Објавено на 24.06.2014 во Новости



Клоновите на Flappy Bird ги празнат кредитните картички

McAfee објави алармантен извештај според кој 80 проценти од клоновите на екстремно заразната игра Flappy Bird содржат штетен софтвер и можност за правење на измами со кредитни картички, кражба на лични податоци и цедење на телефонската сметка со вртење на хот-лајн телефонски броеви.
 
 
Пред неколку месеци владееше огромна играчка треска за Flappy Bird и нејзниот креатор Донг Енгајен по големиот и неочекуван успех реши да ја повлече играта иако од неа заработуваше 50 илјади долари дневно. Неговото повлекување отвори простор за измамниците кои ги користат слабостите на отворената Android платформа со голем број на штетни Flappy Bird игри клонови.
 
 
Откако ќе ја инсталирате Flappy Bird клон играта нејзиниот креатор добива пристап до податоците на вашиот смартфон, како информации за GPS локацијата и неовластени вртење на премиум телефонски броеви кои имаат високи парични тарифи или пак испраќање на смс пораки на истиот принцип. Ваквите дела не се непознати и во сферата на iOs бидејќи хакерите полесно ги напаѓаат корисниците кои направиле Jailbreak на нивниот iPhone.