Автомобилите ќе станат паметни со Android Auto

Објавено на 26.06.2014 во Android



Автомобилите ќе станат паметни со Android Auto

Google претстави голем број на софтверски новитети во обновената верзија на системот Android L, а меѓу нив е секако и Android Auto долго очекуваниот автомобилски систем кој треба да ја зголеми безбедноста при возењето и користењето на смартфонот.

Откако ќе го поврзете смартфонот со USB кабелот на автомобилот веднаш ќе се активира Android Auto интерфејсот на контролната табла. Тука ќе бидат прикажани зголемени икони на најпотребите апликации додека возите, како што се Google Mapsза навигација, апликација за мултимедија и комуникациски нотификации кои нема да ви го одвлечат вниманието.

Причината за поголемата безбедност лежи во „свесноста“ на системот Android Autoкој е целосно управуван со гласовни комадни преку гласовниот персонален асистент Google Now, но доколку сакате може да внесувате команди и со допир, доколку имате таков екран во автомобилот.

Android Auto ќе функционира во голем број на автомобили од најуспешните брендови како Alfa Romeo, Audi, Fiat, Ford, Honda, Hyundai, Kia, Mazda, Mitsubishi, Nissan, Opel, Renault, Seat, Skoda, Subaru, Suzuki, Volkswagen, Volvo, а дел од нив исто така ќе го подржат и CarPlay системот на Apple, па без оглед каков смартфон имате ќе може да користите смарт систем во автомобилот.