Android TV е нов свет на забава - Дознајте ги сите детали

Објавено на 27.06.2014 во iOs



Android TV е нов свет на забава - Дознајте ги сите детали

Google имаше полни раце работа во изминатите неколку денови претставувајќи нов софтвер за сите области, од новиот Android L, нови смарт часовници со Android Wear, влез во автомобилите со Android Auto, додека за крај е оставена јаготката на шлагот, а тоа е новиот систем Android TV кој ќе внесе многу забава и ексклузивни мултимедијални содржини.
 
 
Како што и претходно се очекувашe од проектот Google TV новата платформа Android TV ќе се базира на интернет конекција и присуство на забавни содржини од екстра популарни канали, ТВ серии, музика, видео, филмски хитови, обезбедени од Play Store, YouTube, Netflix и Hulu.
 
 
Google Play Games ќе има голема улога во Android TV со играње на мобилни игри, поврзување на интернет во мултиплеер режимот, a за да им биде полесно на гејмерите и да не штракаат на телефонот ќе добијат и контролер.
 
 
Најважно е дека хардверскиот дел се уште не е подготвен и за телевизорите на Google ќе се ангажираат успешните Sony и Sharp, додека Razer и Asus ќе бидат фокусирани на сет топ боксови и примена на слични функции како кај гејмерските конзоли.
 
 
Управувањето на Android TV ќе се врши со гласовни команди преку асистентот Google Now, но и преку смартфонот или Android Wear смартчасовникот со посебна Remote апликација. Првите продукти од Android TV ќе бидат готови во текот на 2015 година.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ