Запознајте го новото трио на Samsung Galaxy смартфони
Објавено на 01.07.2014 во Новости
Samsung Mobile продолжува да ја преплавува понудата со нови смартфони во средната и ниската класа како остварување на ветувањето дека корисниците ќе добијат повеќе евтини уреди кои ќе работатат на оперативниот систем Android 4.4 KitKat. Претходно беше најавен Samsung Galaxy Core Mini 4G, а сега ви ги претставуваме Galaxy Ace 4, Galaxy Young 2 и Galaxy Star 2.
Samsung Galaxy Ace 4 има 4 инчен екран со WVGA резолуција од 480 x 800 пиксели, работи на дво-јадрен процесор, 512 MB RAM, 4 GB меморија, 5 мегапикселна камера, батерија од 1500 mAh и користи нова верзија на корисничкиот интерфејс TouchWiz.
Samsung Galaxy Young 2 e смартфон со послаби компоненти, има 3.5 инчен екран со резолуција од 320 x 480 пиксели, едно-јадрен процесор од 1 GHz, 512 MB RAM, 4 GB меморија со слот мемориска microSD картичка, 3 мегапикселна камера и батерија од 1300 mAh.
За на крај останува и Samsung Galaxy Star 2, смартфон со многу скромни компоненти како што се 3.5 инчен дисплеј со резолуција од 320 x 480 пиксели, едно-јадрен процесор од 1 GHz, 512 MB RAM, 4 GB вградена меморија со влез за microSD картичка, 2 мегапикселна камера, батерија од 1300 mAh и исто како и останатите смартфони ќе се најде во продажба кон крајот на летото.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.