Хотелските соби ќе се отклучуваат со смартфон

Објавено на 01.07.2014 во Новости



Хотелските соби ќе се отклучуваат со смартфон

Апликацијата HotelTonight најави нов метод на отклучување на хотелските соби за кои нема да има потреба од клучеви или магнетни картички, бидејќи доволно ќе биде да го поставите вашиот смартфон до бравата на која ќе има вградено NFC терминал. 
 
 
HotelTonight работи на развивање на овој проект со повеќе синџири на хотели кои треба да ја применат оваа идеја како паметно решение за надминување на ситуации на губење на клучеви, заглавување на брави и нефукнцинирање на магнетните картички. 
 
 
Во апликацијата HotelTonight има и нова опција наречена Check-in Express за регистрирање во хотелот исто така преку смартфонот, за што се развива соодветен софтвер. Една од најголемите предности на HotelTonight е поврзаноста со голем број на хотели и корисниците може да најдат соба со намалена цена еден ден пред пристигнувањето.