Стив Вознијак го фрлил Galaxy Gear по само пола ден

Објавено на 03.07.2014 во Новости



Стив Вознијак го фрлил Galaxy Gear по само пола ден

Стив Вознијак ко-основачот на Apple е еден од најголемите и најценети гикови на планетата и когa тој по само половина ден на користење ќе го „батали“ смартчасовникот Samsung Galaxy Gear како тотално нефункционален тогаш Samsung има причини за грижи. Вознијак е познат по својата непристрасност и често го критикува и Apple за одредени производи, па затоа треба да се земе во предвид неговата оценка за моменталната понуда на паметни часовници.
 
 
Според Стив Вознијак главниот проблем на смартчасовникот Samsung Galaxy Gear е што не прави апсолутно ништо доколку не е поврзан со Galaxy смартфон и речиси и да нема самостојни смарт функции и токму тоа е предизвик со кој ќе мора да се соочат сите производители за да им обезбедат на купувачите целосна услуга за парите кои ги издвојуваат.
 
 
Стив Вознијак му порачува и на Apple да не ја прави истата грешка како Samsung и се надева дека претстојниот iWatch смарт часовникот за кој најмногу се шпекулира дека ќе има високо ниво на функционалност и ќе освои голем број на корисници.