Терминаторите нема да ги убијат основачите на Google

Објавено на 05.07.2014 во Новости



Терминаторите нема да ги убијат основачите на Google

За време на промоцијата на новите производи на Google беше прикажа одлична шега на компанијата која се справува со негативните критики поврзани со програмата на развој на роботи кои еден ден може да се користат и за воени цели. Роботи од видот на Терминатор се уште не постојат но, Лери Пејџ и Сергеј Брин уште сега мислат на својот опстанок во можната апокалипса.
 
 
На серверите на Google е поставен посебен додаток на killer-robots.txt кодот со команди кои ќе им забранат на Терминаторите Т-800 и Т-1000 од првите два дела на популарниот филмски хит да ги убијат основачите на Google, но заборавиле да внесат заштитен код од Т-Х терминаторот-убиец од третиот дел Rise of the machines, можеби затоа што фановите посакуваат тој филм никогаш да не беше снимен и прикажан.
 
 
killer-robots.txt всушност е код кој се користи во многу интернет алатки како Google Search, Bing, Yahoo и други сервиси за спречување на влечкање на одредени страници и директориуми на веб страните и собирање на содржини од страна на автоматизирани сервиси и постои од 1994 година.