Office доаѓа на Андроид, корисниците ќе го тестираат

Објавено на 07.07.2014 во Новости



Office доаѓа на Андроид, корисниците ќе го тестираат

По големиот успех на Office на iPad,Microsoft го подготвува Office  пакетот за Андроид пазарот. Пакетот веќе некое време го имаше за Андроид таблетите, но тоа не беше верзија објавена од Microsoft, туку од посветена група на фанови на Андроид.

Во бета тестирањето на Office, ќе бидат вклуцени програмитеWord,Excel и PowerPoint, а финалните верзии ќе се појават кон крајот на годината. Целиот пакет ќе биде оптимизиран за екраните на допир, а ќе има бесплатна верзија со неколку алатки и целосна верзија која ќе се наоѓа на страната на Microsoft.

Изгледот на Office ќе потсетува на тој на iPad, а заради успехот на iPad, се раширија гласини за уште пофлуиден и поопремен Office за Андроид.

За бета тестирањето за Office на Андроид, може да се пријавите на следниот линк: http://office.microsoft.com/en-us/sharepoint/





Прочитајте повеќе: