Терминаторите доаѓаат, iPhone 6 ќе го составуваат роботи

Објавено на 08.07.2014 во Новости



Терминаторите доаѓаат, iPhone 6 ќе го составуваат роботи

„Foxbots“, тоа е името на армијата роботи кои ќе го составуваат новиот телефон на Apple, iPhone 6. Имено, кинескиот партнер на Apple, Foxxonn, иако најми 100 000 нови работници, во исто време купи и 10 000 нови роботи за 25 000 долари од парче.

Секој робот може да состави околу 30 000 уреди годишно, а се шпекулира дека со последниот шопинг на компанијата, бројката на роботи достигнува фрапантно високи 200 000 „Терминатори“. За се поголемата побарувачка на уредите на Apple, Foxconn уште во 2011 година, изјави дека сакаат да имаат армија од 1 милион роботи на своите подвижни ленти за составување на уредите.

Информативните сајтови од целиот свет и порачуваат на компанијата, ако успее во намерата, да набави и голем број на ласери и електромагнетни бомби во случај да дојде до војна меѓу луѓето и машините. Од друга страна, со набавката на роботите, Apple се надева надополнителен квалитет во изработката на нивните уреди и гаранција од несакани последици за кои се збореше во изминатите години(од типот на модерно ропство, трговија со луѓе и деца, експлозии на уредите, уреди кои не работат како што треба...).





Прочитајте повеќе: