iPhone 5s најпопуларен, Samsung Galaxy со најмногу модели

Објавено на 09.07.2014 во Новости



iPhone 5s најпопуларен, Samsung Galaxy со најмногу модели

Листата за најпопуларни телефони за првото тромесечје даде доста интересни податоци за тоа што преферираат корисниците.

Најмоќниот iPhone што постои во моментот, 5s, е на врвот на листата за најпопуларни телефони. Изненадува фактот што тоа не е единствениот iPhone на листата, поточно тој не е ни единствениот во топ 5 листата. Покрај него на петото место се наоѓа и iPhone 4s 8GB.

Двата производи на Apple, сепак ги делат дури три телефони од најголемиот конкурент за доминацајата на светот, Samsung, поточно Samsung Galaxy.

Со моделите S4 Euro 16 GB, S3 i9300 16GB  и S4 LTE, Samsung покажува и докажува дека нема намера да го остави за долго Apple  на врвот.

Интересен е фактот што два од топ 5 телефоните се постари модели, што според  директорот на ABI, Ник Спенсер, е доказ за издржливоста и квалитетот на телефоните во последните неколку години.

На листата на топ 20 се најдоа и Xiaomi, Sony и LG, а од истата после неколку години редовност испадна Huawei.