Најмоќниот Samsung Galaxy S5 Alpha доаѓа на 13 август
Објавено на 14.07.2014 во Новости
Prime верзијата на Samsung Galaxy S5 досега доби и промени повеќе имиња, па најновите извештаи велат дека во продажбата на супер телефонот ќе се користи името Samsung Galaxy Alpha, а ќе ги содржи сите додатоци во премиум сегментот, како подобар екран, нов процесор и секако примена на метален дизајн.
Samsung Galaxy Alpha ќе има 5.1 инчен Quad HD Super AMOLED дисплеј кој ќе го достигне LG G3, потоа ќе работи на супер процесорот Qualcomm Snapdragon 805 со рекордна брзина од 2.7 GHz, надополнет со 3 GB RAM, 16 GB меморија, слот за microSD картичка и 16 мегапикселна камера со оптичка стабилизација.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.