Timberman е новата зараза на смартфон

Објавено на 15.07.2014 во Игри



Timberman е новата зараза на смартфон

Доколку се сеќавате на фамата која се крена околу претерано заразната Flappy Bird и ви недостига некоја едноставна но, истовремено премногу тешка и заразна игра тогаш Timberman дефинитивно ќе биде достојна замена за надминување на вашата досада.
 
iPhone Screenshot 1
 
Timberman слично како и Flappy Bird има едноставна „античка“ графика која нема воопшто да ве воодушеви на визуелен план, но затоа пак има екстра заразен гејмплеј каде управувате со дрвосечач и треба постојано да тапкате на страната на екранот на која се наоѓа. 
 
Timberman - screenshot
 
Доколку тапнете во погрешниот дел играта завршува и треба да започнете одново за надминување на сите нивоа, каде официјалниот рекорд до овој момент изнесува 287 поени. Timberman може бесплатно да ја превземете за Android од Play Store и за iOs од App Store.