Шефот на Ford ќе се вози со Google

Објавено на 17.07.2014 во Новости



Шефот на Ford ќе се вози со Google

Ален Мјулали е еден од најценетите директори во САД и постоеше можност на почетокот на 2014 да го превземе Microsoft но, испразнетата фотелја на Бил Гејтс ја завзема Сатја Надела. Сепак, Ален Мјулали не се откажа од технолошката индустрија и реши да го напушти автомобилскиот гигант и да му се придружи на Google.
 
 
Интернет гигантот има стабилно раководство составено од Ерик Шмит како CEO и одличен придонес од основачите Сергеј Брин и Лери Пејџ кои се почесто ги водат новите проекти како Google Glass и Google Loon, па затоа за Ален Мјулали останува да се задоволи само со место во извршниот одбор на директори.
 
 
Ален Мјулали ќе биде дел од раководството и неговото корпоративно искуство ќе биде од исклучителна важност за развојот на бизнисот на Google. Тој само кратко изјави дека е горд што се приклучува на бордот на Google и се надева дека ќе помогне во спровeдување на исклучителната визија на компанијата. 
 
 
Финансиските детали од договорот се уште не се откриени, но може да се претпостави дека неговата плата ќе надминува над 20 милиони долари годишно, а интересна коинциденција е што Ален Мјулали има диплома од областа на астронаутиката и бил дел од раководството на Boeing, NASA и Бордот на научни советници на Американската воена авијација.