Официјално претставни мини верзиите на LG G3

Објавено на 17.07.2014 во Новости



Официјално претставни мини верзиите на LG G3

LG Mobile официјално ја промовираше мини верзијата на LG G3 која ќе го понуди новиот квалитетен дизајн, заедно со новиот Optimus UI, заедно со квалитетни компоненти во средната класа со солиден 5 инчен HD екран. Мини верзијата на LG G3 во Азија ќе се продава под името LG G3 Beat, додека пак во Европа ќе ја носи ознаката LG G3 S, но меѓу двата смартфони нема да има големи разлики.
 
 
LG G3 S има 5 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 720 х 1280 пиксели и неговата големина веќе не е изненадување бидејќи повеќе мини смартфони ја срушија бариерата, потоа работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор, 1 GB RAM, 16 GB меморија, 8 мегапикселна камера со Laser Auto Focus и батерија со капацитет од 2540 mah.
 
 
Мини смартфонот LG G3 S може да се пофали и со слот за microSD мемориска картичка, 1.3 мегапикселна предна камера, 4G LTE мобилна конекција, Bluetooth 4.0, Wi-Fi, USB 2.0 и NFC. LG G3 S ја користи најновата верзија на оперативниот систем Android 4.4 KitKat и наскоро се очекува да пристигне на пазарот по цена кој ќе се движи до 400 долари.