Dead Trigger 2 го крева летното зомби лудило

Објавено на 17.07.2014 во Игри



Dead Trigger 2 го крева летното зомби лудило

Dead Trigger 2 е убедливо најактрактивната зомби игра во прво лице која постојано добива нови надградби, така што никогаш не им здосадува на гејмерите. Dead Trigger 2 само што доби нова сингл плеер кампања која ја продолжува приказната за смртоносниот вирус во Европа.
 
 
Во новата кампања се воведени нови локации кои досега не беа достапни за играње, а исто така може да купити 33 нови смртоносни оружја. Промени има и во делот на Arena натпреварите каде се соочувате со нови тешки предизвици.
 
 
Dead Trigger 2 е бесплатна за инсталирање и со трпеливо играње може да соберете доволно пари за нови оружја и надградба на опремата, па затоа нема потреба да плаќате дополнителни средства. Dead Trigger 2 е достапна за Android од Play Store и од App Store за iOs, а доколку имате смартфон и таблет од различни платформи со истата корисничка сметка може да се регистрирате и да ја продолжите играта.