Line воведе самоуништувачки пораки

Објавено на 23.07.2014 во Новости



Line воведе самоуништувачки пораки

Line е еден од најтазе сервисите за допишување кој сака да се наметне на глобалниот пазар, па кога сакате да успеете, најлесно е да имплементирате услуги кои веќе ги нудат популарните конкуренти, во овој случај Snapchat и пораките кои по читањето се самоуништуваат.
 
 
Новата опција на Line е наречена Hiden Chat и ви овозможува да испраќате пораки со слики и видеа и вашиот пријател откако ќе ги прими и прочита тие ќе исчезнат, при што може да одредите колку време ќе биде потребно за таа акција, односно 2, 5, 10 секунди, како и многу подолг период од една минута, па се до една недела.
 
 
Пораките се бришат од историјата на разговорот, но и воопшто од серверите на Line со што се овозможува многу побезбедна комуникација. Line има најмногу корисници во Кина и Јапонија, а станува и се популарен во Европа, па доколку сте заинтересирани може бесплатно да ја превземете апликацијата за допишување.
 
 
Автор: Aleksandar Stankov