Топ 5 едноставни трикови за поефикасен iPhone

Објавено на 26.07.2014 во iOs



Топ 5 едноставни трикови за поефикасен iPhone

Тие што прв пат пат ќе купат iPhone и се уште не се добро запознаени со функциите на оперативниот систем iOs ќе им треба одредено време да ги научат сите трикови и кратентки за побрзо извршување на повеќе процеси, па затоа решивме да ви помогнеме со неколку едноставни совети.
 
 
1. Кога разговарате на смартфонот и ви се активира втората линија наместо да го прекинете повикот, сигналот со вибрирање може едноставно да го исклучите со притискање на копчето за заклучување/исклучување со што вибрирањето ќе престане, а повикот ќе остане во позадина за потоа да одлучите дали го прифатите или не.
 
 
2. Сигурно многумина испраќаат кратки e-mail пораки преку својот iPhone каде се потребни вештини за обработка на текст. Најчест проблем е како да подвлечете одредена реченица или пасус за потоа да ја копирате, исечете или препратите. Се што треба да направите е да го допрете потребниот текст со двата прста истовремено при што ќе се активира соодветно мени со различни контроли.
 
 
3. iPhone има одлична камера со која може да снимате видеа со висок квалитет и HD резолуција. Често се случува да забележите интересен момент додека снимате видео, но ви треба и слика од настанот. На интерфејсот на камерата има бело кругче кое ако го допрете, смартфонот автоматски ќе направи слика без потреба да го прекинувате видеото и потоа сликите во галеријата може да ги уредувате со различни додатоци.
 
 
4. Новата верзија на оперативниот систем iOs 7 донесе квалитетни промени меѓу кои и центарот за нотификации и приказ на сите новости од социјалните мрежи, интернет сервиси и апликации кои ги користите. За да не ви пречат на екранот или доколку не сакате веднаш да ги погледнете може да го повлечето известувањето нагоре по што тоа ќе се избрише од центарот за актуелни известувања, а кога повторно ќе го активирате ќе го најдете на десната страна во менито нотифации од изминатиот период, каде ќе може на раат да погледнете што има ново и важно.
 
 
5. За на крај ви откриваме и една опција за прилагодување на вашите контакт информации кога комуницирате со останатите преки пораки. Во менито Settings, Mail, Contacts, Calendar преку опцијата Short Name може да одберете дали ќе ви се прикажува целото име и презиме или само името, презимето или пак нивна комбинација со почетната буква од иницијалите. Ова е корисно за тие што добиваат пораки од вас да знаат за која личност се работи, доколку имаат повеќе контакти со исто име.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov