Како Бил Гејтс го спаси Apple од пропаст

Објавено на 28.07.2014 во Новости



Како Бил Гејтс го спаси Apple од пропаст

За многумина Стив Џобс е иконата на технолошката индустрија, визионерот кој прво ја основа компанијата Apple, а потоа се врати со силна стратегија за враќање на врвот по неколку проблематични години, немање идеи за нови квалитетни производии и пад на вредноста на акциите. Всушност вистинскиот спасител кој малкумина го слават е токму најголемиот „непријател“ Бил Гејтс.
 
 
Во 1996 година по враќањето на Стив Џобс компанијата се уште беше во голема криза, па на помош дојде Бил Гејтс со инвестиција од 150 милиони долари, доволна за Apple да преживеe и да го следи водството на Џобс кое ќе го донесе одличниот iMac, а подоцна и iPod, iPhone и iPad производите како се уште ненадминливи во продажба од конкурентите.
 
 
Постои дилема дали Стив Џобс би го направил истото за Бил Гејтс доколку Microsoft се наоѓаше во слична позиција на очај и пропаѓање. Паричната помош беше знак дека Microsoft нема цел да прерасне во апсолутен монопол на пазарот откако беше под силен напад на владата на САД за продажбата на оперативниот систем Windows. На некој начин тоа и навистина се оствари бидејќи во следните години Microsoft немаше идеја како да се пробие на пазарот на мобилни телефони се до пласманот на оперативниот систем Windows Phone и партнерството со Nokia.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: