Корисниците на Galaxy Tab S се најсреќни - Еве зошто
Објавено на 30.07.2014 во Новости
Samsung Mobile сигурно го има најквалитетниот Android таблет на пазарот со новата серија Galaxy Tab S уреди кои имаат 2K HD дисплеи со големина од 8.4 и 10.5 инчи, но поважно е да се победи кралот на таблетите iPad кој долго време е ненадмилив во продажбата. Samsung секако, продолжува со промоцијата на таблетите Galaxy Tab S и во најновата кампања открива зошто нивните корисници се најсреќни.
Одговорот е многу едноставен, како прво корисниците имаат врвно таблет искусство со моќен хардвер, премиум дизајн и врвен дисплеј, а како второ добиваат бесплатни содржини преку програмата Galaxy Gifts кои вообичаено се наплаќаат во Play Store со неколку долари месечно.
Корисниците на Galaxy Tab S во промотивниот период ќе добиваат можност да инсталираат ексклузивни апликации како Marvel Unlimited, The Wall Street Journal, Asphalt 8 и уште многу други премиум сервиси и игри. Во програмата Galaxy Gifts се вклучени и Galaxy Note Pro, Galaxy Tab Pro, како и одредени модели на Samsung Galaxy S5.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.