Гром од ведро небо - Нова апликација на Instagram

Објавено на 30.07.2014 во Новости



Гром од ведро небо - Нова апликација на Instagram

Instagram ја пушти во употреба пробната верзија на новата апликација за допишување Bolt која како што се претпоставуваше ќе има слични функции со Snapchat и посебната апликација Slingshot на Facebook за испраќање на слики и видеа кои потоа самите се бришат.

Со Bolt може да поставите брза листа за допишување со четири икони за најблиските пријатели или вкупно 20 контакти кои може да ги менувате. Комуникацијата започнува со тапкање на иконата за испраќање на слики или со нејзино долго држење за испраќање на видеа. Пораките може да ги испраќате на едно лице и со лизгање на екранот тие се бришат, а може да возвратите исто така со слики и видеа, но и со краток текст и опис.
Instagram најмногу се користи за споделување на слики со посебни филтри за камерата, па токму затоа новиот сервис Bolt е логичен чекор во зголемување на услугите за корисниците.

Bolt - screenshot

Bolt ќе може бесплатно да ја превземете за Android од Play Store и за iOs од App Store, а за регистрација потребно е само потврда на телефонскиот број без креирање на кориснички профил преку e-mail.

Автор: Aleksandar Stankov