Nokia Lumia Tesla е мистериозен Windows смартфон
Објавено на 01.08.2014 во Новости
Nokia и Microsoft наскоро треба да претстават нова серија на смартфони кои ќе работат на оперативниот систем Windows Phone 8.1, а меѓу нив дефинитивно ќе биде моделот Nokia Lumia Tesla кој се уште претставува голема мистерија.
Според најновите информации станува збор за нов фаблет со големина на екранот од 6 инчи со Full HD или Quad HD резолуција, а исто така ќе има и 20 мегапикселна PureView камера. Nokia Lumia Tesla ќе поседува квалитетен хардвер и компактен дизајн, но се уште немаме конкретни и веродостојни информации. Повеќе детали се очекуваат во текот на август кога ќе биде поблиску и неговата официјална промоција.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.