Yahoo Mail со екстра нова верзија за Android
Објавено на 03.08.2014 во Android
Yahoo Mail e еден од најкористените mail сервиси и сосема разбирливо е корисниците на смартфон да очекуваат исто ниво на квалитет како и во декстоп верзијата. Затоа Yahoo лансираше нова верзија за Android која слободно може да ја прогласиме за најдобра досега.
Во новата Yahoo Mail за Android применет е за нијанса подобар интерфејс каде полесно ќе ги прегледувате најновите пристигнати пораки во Inbox, а исто така навигацијата низ опциите е значително подобрена и попрегледна.
Но, тоа што најмногу ќе ги задоволи потребите на корисниците е вградувањето на сервисите за информирање веднаш до сандачето за нови пораки, каде ќе ја најдете листата со најнови вести кои ги има и во посебната апликација Yahoo News Digest.
Десно од неа се наоѓа и линкот до најновите вести од сите области како економија, спорт, забава и политика приказ на временската прогноза и можност за директно пребарување преку Yahoo Search.
Доколку досега не сте користеле Yahoo Mail за Android новата верзија дефинитивно ќе ве убеди да ја инсталирате апликацијата која може бесплатно да ја најдете во Play Store.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.