Flappy Bird конечно воскресна од мртвите

Објавено на 03.08.2014 во Новости



Flappy Bird конечно воскресна од мртвите

Сигурно се сеќавате на глобалната треска која владееше околу Flappy Bird, едноставна но, премногу заразна игра за смартфон, која по големиот број на контроверзи беше повлечена. Нејзиниот креатор Донг Енгајен тврдеше дека повеќе не може да го издржи притисокот, но по неколку месеци попушти и дозволи играта повторно да биде вратена во употреба.
 
 
Враќањето на Flappy Bird е овозможено само за смартфоните и таблетите кои работат на Kindel верзијата на оперативниот систем Android за Amazon и наместо од Play Store или iTunes може да ја симнете од електронската база на Amazon App Store. 
 
 
Во пикот на популарноста Flappy Bird заработуваше околу 50.000 долари дневно, но бројните поплаки и видеа на луѓе кои го кршат смартфонот во очај од тешкиот прогрес предизвика играта да биде повлечена, со изговор дека создава преголема зависност. 
 
Доколку мислите дека може да се справите со предизвикот Flappy Bird може да ја најдете од Amazon App Store и да ја лоадирате на Kindle уредот. Наскоро се очекува и триумфалното враќање на Flappy Bird на Android, iOs и Windows Phone.
 




Прочитајте повеќе: