Xiaomi неможе да се најде ни за лек

Објавено на 06.08.2014 во Новости



Xiaomi неможе да се најде ни за лек

Xiaomi  конечно стигна на пазарот во Индија. И го снема за 2 секунди, буквално.

Моделот на Xiaomi Mi 3 почна со продажба во втората најнаселена држава на планетата преку интернет со количина од  15 000 парчиња. Многу корисници велат дека немале време ни да кликнат на копчето за купување пред да го снема од полиците.

Со одлични карактеристики и цена од 230 долари, Xiaomi Mi 3 продолжува да докажува дека на светот му треба нешто ново, а не само преценети уреди со цени на професионални десктоп компјутери.

Xiaomi иако постои само четри години, се докажува како еден од најголемите играчи на пазарот во Азија, а со Mi 4 се очекува дека ќе ја пробијат и интерконтиненталната бариера. Со цена од 310 долари и неверојатни спецификации Mi 4 се очекува да им ги замати сметките на iPhone  и Samsung Galaxy.

Автор: Aleksandar Stankov