Apple го промовира iPad со помош на Microsoft Office
Објавено на 12.08.2014 во Новости
На последниот настан за промоција на Apple уредите, iPad беше промовиран како уникатно решение за сите бизниси.
Сето тоа би било нормално, ако апликациите за промоцијата не беа Word, Excel и PowerPoint.Конечно после долго лобирнање од страна на корисниците MS Office доаѓа на iPad уредите, и за чудо, функционира подобро отколку на Microsoft Surface Pro 3.
Трите програми се бесплатни за корисниците на iPad, а доколку го сакате целосниот Office пакет, морате да се претплатите на Office 365, кои покрај останатите програми нудат и cloud service за вашите проекти.
Со ова се даврши долгогодишната борба на корисниците, а доказ за тоа се и 27-те милиони симнувања од лансирањето на пакетот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.