Прво видео од реверзибилниот USB кабел за iPhone 6

Објавено на 20.08.2014 во Новости



Прво видео од реверзибилниот USB кабел за iPhone 6

Животот на корисниците на iOs уредите наскоро најверојатно ќе стане поедноставен бидејќи се очекува пласман на реверзибилен Lighting to USB кабел кој ќе може да се поврзе со други уреди без оглед како ќе го поставите и тоа на двата краја.
 
 
Оваа информација ја откри Сони Диксон познатиот ликстер на Apple кој тврди дека прв смартфон кој ќе го користи новиот реверзибилен USB кабел е iPhone 6. За да го докаже ова тврдење постави и кратко видео на интернет во кое наводниот кабeл функционира совршено и се очекува наскоро да се најде на пазарот.

Сепак, од наша страна се уште ќе бидеме претпазливи со реверзибилниот USB кабел за iPhone 6 бидејќи постои можност да станува збор за неофицијален продукт, но доколку навистина функционира ќе биде добредојден.
 




Прочитајте повеќе: