Google во борба со клоновите на популарната Swing Copters

Објавено на 23.08.2014 во Игри



Google во борба со клоновите на популарната Swing Copters

Swing Copters е продолжение на мега популарната игра Flappy Bird и нејзиниот креатор Донг Енгајен повторно ќе биде ставен под голем пристисок поради заразноста и неверојатната тешкотија на нивоата која предизвикува голем бес кај гејмерите. Освен по некој скршен смартфон, популарен наслов како Swing Copters предизвикува и интерес кај оние програмери кои сакаат да се пробијат брзо во мобилната сфера па затоа лансираат голем број на клонови.
 
 
Google има строга политика на објавување на игри и апликации кога се во прашање авторските права, па затоа се обидува токму кај најпопуларните наслови да не дозволи циркулирање на клонови и можни штети за корисниците со вметнување на вируси и финансиски измами.
 
 
Големиот број на клонови за кратко предизвика затрупување на оригиналната Swing Copters, па многумина не знаејќи инсталирале погрешна игра. За да нема забуни ви ги поставуваме оригиналните линкови кон Swing Copters и предупредуваме дека играта е премногу тешка и ќе имате огромни фрустрации за освојување на поголем број на поени.